Елена Рибакина е новата шампионка на Вимблдон.

Тенисерката родена во Москва, која од 2018 година игра под знамето на Казахстан, во големото финале ја надигра второрангираната во светот Онс Џабеур по пресврт со 2:1. Во сетови беше 3:6, 6:2, 6:2.

Рибакина славеше по еден час и 48 минути игра и со тоа ги испиша страниците на историјата – стана првата тенисерка од Казахстан што ја освоила престижната круна.

https://twitter.com/Wimbledon/status/1545784801667547137?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1545784801667547137%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Fwimbledon2022%2Fvesti.php%3Fnav_id%3D2182802

И двете беа нервозни на почетокот на мечот, но Онс Џабеур изгледа имаше посмирена рака, направи помалку грешки и брзо ја презеде контролата.

По 1:1 на стартот, тенисерката од Тунис ја притисна противничката која се уште беше во тој почетен грч и веќе во третиот гем ја искористи првата брејк топка на мечот.

Набрзо Џабеур го потврди брејкот и поведе со 3:1. Во следниот гем имаше две можности да дојде до двоен брејк, но не успеа да ги искористи.

Рибакина сервираше послабо од вообичаено, многу грешеше и Џабеур лесно стигна до 5:3.

Во следниот гем играта на Рибакина беше катастрофална – таа продолжи да греши, Џабеур стигна до 0:40, а потоа, по нов кикс на противничката и поведе во сетови,со 6:3 по 31 минута игра.

Тоа беше знак на тревога за Рибакина, која направи брејк веднаш на стартот од вториот сет. Набрзо го потврди брејкот и поведе со 2:0.

Колку само еден гем може да биде важен на ваков натпревар покажа остатокот од натпреварот. Бевме сведоци на целосен пресврт, од очекуваното славје на Џабеур до нејзин распад. Тунижанката имаше три брејк можности во еден сервис гем, но не ги искористи.

Најпрво Рибакина стигна до вториот брејк, а потоа израмни во сетови. Одлучувачкиот таа го започна на ист начин – со брејк. После тоа, тенисерките нанижаа неколку сигурни сервис гемови, за Џабеур повторно да има три брејк топки во низа. Сценариото беше исто, а веќе во следниот гем стигна казната, а потоа и поразот.

Пред оваа титула Рибакина освојуваше турнири во Букурешт и Хобарт. Минатата година таа беше поразена на Олимпијадата во Токио во мечот за бронзениот медал против Елена Свитолина.

https://twitter.com/Wimbledon/status/1545784034994884610?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1545784034994884610%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fembed%2Flb%2F%3Fliveblog_id%3D6263class_id%3D426

Со оваа победа им пружи своевидна лекција на организаторите на Вимблдон. Решија да ги мешаат политиката и спортот без причина, да забранат учество на руски и белоруски тенисери (и тенисери), за на крајот да слави некоај родена московјанка среде Лондон.