Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денес загуби со 0-2 во сетови, односно 3-6 и 4-6 од Ела Зејдел на турнирот во Загреб, Хрватска.
Германката дозволи на Ѓорческа да освои само три гема во првиот сет (3-6), по што македонската тенисерка заигра за нијанса подобро, но го загуби и вториот сет со 4-6.
Ѓорческа со настапот во четвртфиналето на турнирот во Загреб заработи нови поени со кои ја чека скок на ВТА-листата која ќе биде објавена в понеделник.