Удварди е на 135. место на ВТА листата, но Лина Ѓорческа денеска одигра маестрален натпревар, загуби само три гема од фаворитката и лесно ја победи.
Првиот сет беше перфектен за Лина, Македонката го доби со 6-0, во вториот беше 6-3. Мечот траеше само 50 минуи.
Ѓорческа во четвртфиналето ќе игра против Далила Јакуповиќ од Словенија која е на 252. место на ВТА листата.