По драмата на аеродромот во Мелбурн, властите на австралиската држава Викторија одлучија да не дозволат влез на Новак Ѓоковиќ во земјата. Потоа адвокатите на Ѓоковиќ се пожалија, а српскиот тенисер на крајот успеа да остане во Австралија барем до понеделник.
Рафаел Надал, големиот спортски ривал на Ѓоковиќ, ја коментираше ситуацијата.
“Не знам. Се разбира, се што се случува не е добро. Сепак, не можам да имам јасно мислење за се. Немам увид во деталите”, изјави Надал.
Потоа додаде:
Сè е грубо и, на крајот на краиштата, единствено што можам да кажам е дека сите поминуваме низ тежок период. Многу семејства страдаа во текот на овие две години од пандемијата. Нормално е дека луѓето во Австралија се фрустрирани затоа што минаа низ многу ригорозни карантини. Единствено во што верувам слушајќи ги оние што ја познаваат медицината е дека сите треба се вакцинираме. Тоа е мое мислење. Јас сум вакциниран двапати. Ако сите го направат тоа ќе нема проблем да се игра“.
Надал тврди дека вакцинацијата е неопходна.
„Тоа е јасно. Не можам да зборувам за другите додека не ги добијам сите информации. Светот доволно страдаше. Вакцинирајте се. Да сакаше, Новак немаше да има проблем да игра во Австралија. Тој одлучува за себе. Секој е слободен да донесат свои одлуки, но потоа има некои последици, нели?“