Шпанскиот тенисер Рафаел Надал на својот профил на „Твитер“ изјави дека ќе игра на претстојниот Мастерс во Мадрид.
Мастерсот во Мадрид годинава ќе се игра од 26 април до 8 мај, а веќе е познато дека натпреварувањето ќе биде пеколно.
Новак Ѓоковиќ, Александар Зверев, Стефанос Циципас, Андреј Рублев и многу други добија уште еден многу атрактивен противник во Рафаел Надал.
Надал на социјалните мрежи го потврди учеството на Мастерсот во шпанската престолнина:
„Иако неодамна пристигнав дома и подготовките за овој турнир не се идеални, имам голема желба да играм пред домашната публика бидејќи има малку такви можности. Ќе дадам се од себе да одиграм најдобро што можам и се гледаме во Мадрид“, напиша Надал.