Иако пред неколку дена на гласачките ливчиња на претседателските избори во Франција стоеја имињата на Емануел Макрон и Марин Ле Пен, сепак „гласови“ има добиено и ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе.
Во едно село кое се вика Тајене во источна Франција, во близина на границата со Швајцарија, десет луѓе на гласачкото ливче го напишале Мбапе и го заокружиле него за прв човек на Франција.
Во тоа мало село со 400 жители, нема фудбалски клуб, а 70 проценти од гласовите добил Макрон кој ја победи Ле Пен.