ФИФА наскоро ќе донесе одлука за судбината на Еквадор на Светското првенство во Катар, поради проблемот со Бајрон Кастиља, кој наводно фалсификувал документи.
За репрезентацијата на Еквадор одигра осум натпревари, а потоа го пријави Фудбалскиот сојуз на Чиле, при што дојде до спор кој сеуште се чека.
Бројни италијански и светски медиуми веднаш најдоа можност наместо Еквадор да ја видат Италија во Катар, како најдобра селекција на ранг-листата на ФИФА која не обезбеди пласман на Мундијалот, но нема да има ништо од тоа.
Ова дефинитивно го тврди претседателот на Италијанскиот фудбалски сојуз, Габриеле Гравина.
Шансите за настап на Италија на Мундијалот се нула проценти и тоа мора да им биде јасно на сите“, рече Гравина, објаснувајќи:
„Европа има 13 места и сите 13 се пополнети. Ако Еквадор биде исфрлен, тогаш некој од Јужна Америка ќе го замени. Токму тоа е навестувањето што го добив од ФИФА“, рече Гравина.
Следна репрезентација која не обезбеди пласман од Јужна Америка е Перу, која ќе игра бараж за одење на Светското првенство во јуни.
Еквадор е извлечен во групата А со домаќинот Катар, Сенегал и Холандија.