Низ социјалните мрежи се шири видео од ноќна „брканица“ која според британските медиуми се случила на улиците на Манчестер. Главни ликови во оваа приказна се тренерот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола и еден упорен навивач кој не се откажа од фотографија со шпанскиот стручњак.

Според британските медиуми, Пеп овој понеделник се вратил во Манчестер за да ги започне подготовките за новата сезона, а за време на ноќното возење низ градот се нашол во ситуација која очигледно сакал да ја избегне.

“Пеп, може ли да имам фотографија со тебе? Пеп? Еј! Зошто бегаш?” – се само дел од зборовите што може да се препознаат од снимката која беше објавена на TikTok.

По кратка бркотница Гвардиола застана и се симна од велосипедот. Воопшто не изгледаше воодушевено, но накратко застана до навивачот, а потоа си замина, одбивајќи да се ракува со човекот кој го бркаше.

Треба да се напомене и дека не се знае кога точно е направена оваа снимка, но таа се појави на социјалните мрежи во раните утрински часови во понеделникот. Некои медиуми од островот наведуваат дека се се случило минатиот викенд.