Фудбалерите на Рајо Ваљекано ја совладаа Барселона на гости (0:1) во преостанатиот натпревар од 21. коло на шпанскиот шампионат.
Единствениот гол на натпреварот беше виден во седмата минута откако Алваро Гарсија беше прецизен. Следуваше бурно славје на играчите на гостинскиот тим, кое не им се допадна на насобраните на стадионот.
Тоа беше негов четврти гол во првите 10 минути од натпреварот оваа сезона со што се израмни со напаѓачот на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс.
Во текот на натпреварот Барселона речиси три четвртини ја имаше топката во своите нозе и создаде повеќе шанси. Гави ја погоди гредата и неколку пати падна во противничкиот шеснаесетник, но пенал не беше досуден.
Неизвесно беше и кога српскиот дефанзивец Никола Мараш навидум играше со рака во шеснаесетникот, но и тогаш немаше најстрога казна.
На крајот Рајо можеше да ја удвои предноста во 10. минута од судиското надополнувае во вториот дел, кога Пате Сис ја погоди левата статива.
Натпреварот траеше нешто повеќе од 100 минути, а особено во тој период картоните беа доделувани поради зголемените тензии на теренот. Од 89. минута во судискиот бележник беа запишани тројца играчи од двата тима, додека претходно во текот на натпреварот беше исклучен тренерот на Рајо, Андони Ираола. а неговиот колега Чави уште порано доби жолт картон.
Столе Димитриевски беше на висина на задачата на голот на Рајо и со неколку добри интервенции беше еден од најзаслужните за големиот триумф на мадридскиот тим .
Барселона останува на второто место на табелата со ист број бодови и натпревари како и третопласираната Севиља. Рајо моментално е 11-ти и до крајот на сезоната ниту се бори за опстанок ниту за Европа.