На едно од најнезгодните гостувања, Милан во последен миг успеа да слави со 1-2 на „Олимпико“ во Рим и ја продолжи трката за титулата. Сега „росонерите“ имаат 74 бода, два повеќе од градскиот ривал Интер, но со натпревар повеќе од „нераѕурите“.
Чиро Имобиле во четвртата минута донесе водство за Лацио, а Милан израмни преку Оливие Жиру во 50.минута. И кога се чинеше дека мечот ќе заврши со реми, на сцена стапи Сандро Тонали којшто во 93.минута погоди за голема победа на Милан.
Наполи после големиот кикс со Емполи си ги намали шансите за освојување на титулата.