Холандскиот фудбалер, Квинси Промес (32), беше притворен во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) no се спаси од екстрадиција во Холандија, каде што е осуден на шест години затвор поради вмешаност во шверц со дрога.
Фудбалерот на московски Спартак беше приведен на аеродромот во Дубаи, додека се враќаше со соиграчите во Москва, поради наводен сообраќаен инцидент во Емирати. Од екстрадиција го спасија руските власти, чиј пасош поседува, па веќе се врати во Русија каде ќе му биде на располагање на тренерот за премиерлигашкиот натпревар против Факел в недела.
Промес е поранешен холандски репрезентативец, кој 50 пати играше за „лалињата“.