Јувентус ја прекина лошата низа резултати во Серија А со триумф од 3-2 против Фросиноне. „Старата дама“ по голема драма буквално во последните мигови од натпреварот стигна до победа со голот на Даниеле Ругани во 95.минута од мечот.

Влаховиќ постигна гол за водство на Јувентус во третата минута, но потоа Фросиноне со два гола успеа да направи целосен пресврт (2-1).

Србинот повторно ја затресе мрежата на гостите во 32. минута и израмни на 2-2, а до третиот гол на Јувентус се чекаше до 95. минута кога погоди Ругани.

 

„Старата дама“ има 57 бодови на втората позиција, односно шест бода помалку од Интер, кој има одиграно два меча помалку од големиот ривал.