Екипата на Арсенал е убедливо најдобриот тим во Премиер лигата во 2024 година и ако продолжи во ист ритам, може да се надева на прекин не дводеценискиот пост кога станува збор за титулата во англиското првенство.
Во новата година, „топчиите“ одиграа шест меча и победи на секој од нив, вклучувајќи го и дербито против Ливерпул кого го совладаа со 3-1. Во оваа серија, Арсенал има гол разлика 25-3, а прими голови само од Нотингем Форест, Ливерпул и Њукасл. За време на тие шест натпревари, тимот на Микел Артета ниеднаш не беше во негатива, а најдолго успеа да одолее Нотингем Форест чија мрежа се затресе дури во 65. минута. Последниот пораз Арсенал го претрпе на 31 декември кога загуби на гости кај Фулам со 1-2.
Во Премиер лигата има уште 12 кола, а лондонскиот тим има релативно лесен распоред. Најважен ќе биде дуелот против Манчестер Сити, незгодно е и гостувањето кај Тотенхем во претпоследното коло, како и кај Брајтон. Сепак, јасно е дека претстои тешка битка со Ливерпул и Манчестер Сити кои имаат два, односно еден бод предност пред Арсенал.