Џенова оствари сигурна победа над екипата на Удинезе (2-0), во 26. коло на Серија А. Со два голови за само четири минути „грифоните“ стигнаа до триумф и три бода по серијата лоши резултати во шампионатот на Италија.
Без сомневање клучен момент на натпреварот беше голот во 36. минута кој го постигна Матео Ретеги. Аргентинецот добро го следеше нафрлувањето од левата страна, па по лошата дефанзивна реакција на одбраната на Удинезе, тој со атрактивни „ножички“ го матира Окоје за 1-0.
Само четири минути подоцна предноста ја удвои Матиа Бани по асистенција на Гудмундсон, поставувајќи го конечниот резултат (2-0). Удинезе на стартот на вториот дел остана без Кристенсен кој доби црвен картон и немаше сили за кам-бек во натпреварот.