Ливерпул и Манчестер Сити одиграа нерешено 1-1 во големото англиско дерби, резултат кој го остави Арсенал на врвот на табелата во Премиерлигата.
Резултатот беше отворен во 23. минута кога по асистенција од Кевин де Брујне, Стоунс постигна гол за водство на Манчестер Сити од 1-0.
На почетокот од второто полувреме Едерсон направи прекршок за пенал врз Дарвин Нуњез, судијата покажа на белата точка. Мекалистер го реализираше пеналот за израмнување на 1-1.
При ударот врз Нуњез, Едерсон се повреди, па некоја минути подоцна мораше да го напушти теренот откако сфати дека не може да продолжи.
До крајот, и двете екипи имаа одлични шанси, Луис Дијаз, Мохамед Салах, Фил Фоден, Жереми Доку во финишот го погоди дирекот, но сепак Ливерпул и Манчестер Сити поделија по еден бод.
Овој резултат најмногу му одговара на Арсенал кој остана на врвот на табелата во Премиерлигата со ист број на бодови како и Ливерпул, но подобра гол разлика, Манчестер Сити има бод помалку од нив.