Манчестер јунајтед со 3-0т триумфира на гости кај Нотингем форест во првиот полуфинален натпревар од Лига Купот на Англија, а засилувањето, холандскиот напаѓач Вут Вегхорст го постигна првиот гол за лондончани.

Натпреварот беше отворен уште во шестата минута кога Рашфорд постигна прекрасен погодок. Ја зема топката од својата половина, ги помина дефанзивците и реализира за водство од 1-0.

 

Пред крајот на првото полувреме гол постигна Вут Вегхорст за водство од 2-0. Ова беше негов дебитантски гол за Манчестер јунајтед.

 

Пред самиот крај во финишот, во 89. минута Бруно Фернандеш ги постави конечните 3-0.

 

Овој дуел ќе има и реванш на Олд Трафорд, но со оглед на резултатот тоа ќе биде само формалност. Манчестер јунајтед вечерва направи крупен чекор до финалето.