Роналд Араухо има валиден договор со Барселона до летото следната година, а шпанските гиганти имаат намера да го задржат и да одолеат на интересот на клубовите кои би го украле. Затоа му било понудено продолжување на соработката, но 22-годишниот стопер ја одбил понудата.
Разговорите меѓу Барселона и агентот на уругвајскиот дефанзивец се одржаа минатата недела и завршија со понуда на клубот. Араухо категорично го отфрлил, наведува Марка, додавајќи дека преговорите се одвивале во пријателски тон и дека нема сомнеж дека тие ќе продолжат.
Сепак, потегот на Араухо ги алармира Манчестер Јунајтед и Челзи, кои би можеле да се обидат да го убедат да истрае во сегашната одлука да не потпише. Се додава дека Араухо нема намера да го напушти „Камп Ноу“, туку само да го одработи договорот што мисли дека го заслужува.