Арсенал ја продолжи победничката серија во Премиер – лигата, го демолира Њукасл на „Емирати“ со 4-1. Сега „топчиите“ се на третата позиција, но само со два бода негатива во однос на лидерот Ливерпул и еден бод зад Манчестер Сити.
Тимот на Микел Артета не му остави многу простор на гостинот за маневар. Ботман во 18.минута си постигна автогол, а шест минути подоцна Каи Хаверц зголеми на 2-0.
Букајо Сака во 65.минута го постигна третиот гол, а четири минути подоцна стрелец беше и Кивиор.
Њукасл го постигна почесниот гол преку Џо Вилок во финишот од дуелот.
Манчестер Сити претходно го победи Борнмут на гости со 0-1. Стрелец на победничкиот гол беше Фил Фоден.