Дефанзивецот на Астон Вила, Кортни Хаус, доживеа сообраќајна несреќа во средата откако неговото Ламборџини заврши во оградата на Исламскиот училишен центар во Бирмингем.
Хаус на натпреварот против Манчестер Сити пристигнуваше со своето Ламборџини вредно 200.000 фунти (гостите славеа со резултат 1:2), но непосредно пред пристигнувањето на стадионот Вила Парк доживеаа жесток судар.
Имено, тој со својот автомобил удрил во оградата на Pioneers Academy, исламски училишен центар лоциран во Астон, Бирмингем.
Очевидци повикале полиција, а фудбалерот по несреќата бил во шок, но поминал без физички повреди. Скапото Ламборџини помина со сериозна штета, а дефанзивецот на Вила против Манчестер Сити не влезе во игра и по инцидентот остана на клупата за резервни играчи.
Дејли мејл пренесува дека со голема среќа е избегната голема трагедија, бидејќи инцидентот се случил на влезот на голем комплекс каде вообичаено се наоѓаат голем број средношколци.
“Мојата ќерка и голем број деца стојат на аголот покрај капијата пред и после училиште. Беше неверојатна среќа што никој не беше повреден. Друг ден некој сигурно би се нашол таму”, рече Сабир Ахмед, таткото. на девојчето кое го посетува ова средно училиште.
Според очевидци, причина за несреќата била тоа што Хаус изгубил контрола над возилото, по што се обидел да запре, но поради големата брзина удрил во оградата.