На местото каде што ја забележа првата победа во кариерата на Мундијалите, повторно славеше Марко Одермат. Тој беше најбрз во супервелеслалом во Бивер Крик .
Марко Одермат ја сака патеката во Бивер Крик, беше потврдено на денешната трка. Швајцарецот имаше одличен супервелеслалом и извојува убедлива победа.
Ова е негова втора победа во супервелеслалом во Бивер Крик и трета во оваа дисциплина во кариерата. На оваа патека славеше и во 2019 година и тоа беше негова прва победа во кариерата.
Тој славеше со големи 78 стотинки предност пред Матијас Мајер додека третопласираниот Канаѓанец Бродерик Томпсон направи изненадување и прв пат се најде на подиумот.
До моментот кога се појави на патеката Томпсон, Германецот Андсреас Сандер беше на третото место и на подиумот.
Super-G, Бивер Крик:
1. Марко Одермат (Швајцарија) 1: 08.61
2. Матијас Мајер (Aвстрија) +0,78
3. Бродерик Томпсон (Кан) +0,95
4. Андреас Сандер (Германија) +0,98
5. Винсент Кричмајр (Aвстрија) +1,02
6. Алексис Пинтураулт (Фра) +1,13
7. Адријан Смисет Сејерстед (Нор) +1,14
8. Џастин Мурисје (Швајцарија) +1,26
9. Матија Касе (Ита) +1,32
10. Џино Кавизел (Швајцарија) +1,39