Голема трагедија се случи во Русија во Санкт Петербург за време на тренинг, кога едно 14-годишно момче беше погодено од хокеарски пак во градите, по што почина.
Камерите го снимиле моментот на тренинг, кога настрадал хокеарот кој најпрво се пожали на повреда, по што падна на мразот, а докторот на тимот веднаш тргна да му помогне на несреќното дете.
Руските медиуми објавија дека му бил нагмечен градниот кош и поради тоа му застанало срцето, а клубот отвори интерна истрага.