Неверојатна ситуација се случи на слаломската трка на Зимските олимписки игри во Пекинг. За време на настапот на Ева Вукадинова, еден од работниците на патеката излезе пред неа и целосно и ја наруши концентрацијата. После тоа, нејзиното возење прпадна. Бугарската скијачка потоа доби уште една шанса, но тој обид беше полош од првиот.

По сето ова, таа објави на Инстаграм: “Не можам ни да опишам како се чувствував по првото возење. Си помислив: Зошто јас? Зошто тоа не и се случи на ниту една од првите 30 девојки? Дали може да и се случи на една воопшто? Не ги знам одговорите на тие прашања“.

https://twitter.com/Eurosport_FR/status/1491261190378594309?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1491261190378594309%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.index.hr%2Fsport%2Fclanak%2Fskijasici-na-igrama-covjek-izletio-na-stazu-usred-slaloma-pomislila-sam-zasto-ja%2F2338695.aspx

На крајот, таа додаде: “Дури и со скршена рака, скијав многу добро пред да се појави овој човек. Се покажав себеси дека сум силна и можам да направам се. Да, јас доаѓам од мала скијачка земја во споредба со другите кои се натпреваруваат. Но да кажам ако добив нова шанса да се обидам, сите знаеме дека не е исто.  Тажна сум, но и среќна што се борев до крај. Ви благодарам на сите за вашата поддршка“, заклучува таа во својата порака.

Златниот медал го освои Чехинката Петра Влхова.