Наводно, ѕвездите на премиерлигашот сакаат токму Аргентинецот да го води тимот од следната сезона. Ралф Рангник ќе се повлече од менаџирањето и ќе ја преземе функцијата на советник во клубот.
Покетино има голема желба да се врати во Премиерлигата, каде работеше во Саутемптон и Тотенхем. Договорот со ПСЖ му истекува во јуни 2023 година, но Французите ќе го раскинат една година порано, бидејќи тие веќе преговараат со Зинедин Зидан.