Барселона со синоќешниот триумф на гостувањето кај Вилјареал (1-0) дополнително се забетонира на лидерската позиција на табелата во Ла Лига и тоа со 11 бодови предност во однос на Реал Мадрид.
Но и покрај тоа, тренерот Чави вели дека нема опуштање, ниту смета дека прашањето околу новиот шпански шампион е веќе завршена приказна.
„Нашата предност не е нешто што не може да се надомести, особено кога влогот е шампионската круна. Има уште многу натпревари до крајот, а ривал ни е Реал Мадрид. Среќни сме, играме добро и изгледаме добро на теренот, за што говори и серијата победи. Само вака да продолжиме“, изјави шпанскиот стратег.
„Кралевите“ имаат и меч помалку, што значи дека прашањето околу крајниот победник во Шпанија се уште е и тоа како отворено.