Посебно за игра беа расположени Михајло Мудрик и Жоао Феликс, кои комбинираа при првиот погодок на „сините“ во 22. минута.

Мудрик беше стрелец на вториот гол за Челси во 49. минута по асистенција на Педро Нето, додека Украинецот потоа повторно му асистираше на Феликс за 3-0.

Челзи стигна до предност од 4-0 преку Кристофер Нкунку од пенал во 59. минута, додека Факундо Пелистери ги постави конечните 1-4.

Јагиелонија, тимот на Дарко Чурлинов, го совлада молдавскиот Петрокуб со 2-0 во второто коло од КЛ. Пулулу беше стрелец на двата гола за полскиот тим, додека нашиот Чурлинов започна како стартер и играше до 78. минута.

Борац Бања Лука, каде што играат голманот Дамјан Шишковски и Бобан Николов, извојува победа од 1-0 на гостувањето кај АПОЕЛ на Кипар. Николов влезе во игра во 58. минута, додека Шишковски остана на клупата. Победничкиот гол за Борац го постигна Стефан Савиќ во 63. минута.

АПОЕЛ – Борац Бања Лука 0-1
Целје – Башакшехир 5-1
Гент – Молде 2-1
Хартс – Омониа 2-0
Јагелонија – Петрокуб 2-0
Ларне – Шамрок роверс 1-4
Рапид – Ноа 1-0
Сент Гален – Фиорентина 2-4