Сото Градо: По ѓаволите, според мене не влезе цела топка……
ВАР: Ќе провериме Сесар, почекај малку, не дозволувај да се изведе корнерот…..
Сото Градо: Нема проблеми, ќе чекаме….. Нема гол технологија, мора да почекаме, го чекаме ВАР….. Можеби беше гол, ја проверуваме ситуацијата, но нема гол технологија, – им се обраќа Градо на фудбалерите.
ВАР: Телото на Лунин ни ја покрива сликата, почекај уште малку, продолжуваме да бараме доказ. Овој агол не е добар, исто и овој, исто и овој……
Сото Градо: Не брзаме, ова е многу важна одлука, нема потреба да брзаме, проверете ги сите камери…..
ВАР: Сесар, сепак ќе продолжиме со корнер, немаме никаков доказ дека топката влезе во голот. Затоа, продолжи ја играта со корнер. Нема доказ дека топката ја мина гол линијата, одиме со корнер