Крилниот напаѓач Ламин Јамал, дијамантот на Барса би можел да се пресели од Барселона во Пари Сен Жермен, објави „Ле Паризиен“.
Раководството на францускиот шампион е подготвено да понуди повеќе од 200 милиони евра за 16-годишниот Шпанец. Фудбалерот ќе стане главна цел на клубот на трансфер пазарот доколку напаѓачот Килијан Мбапе замине на лето.
Ламин Јамал во тековната сезона одигра 44 натпревари на кои постигна шест голови и осум асистенции. Договорот на напаѓачот со каталонскиот гигант е до крајот на сезоната 2025/26.