Роберт Левандовски попладнево беше претставен како огромно засилување за тимот на Чави Ернандес, па по тој повод, илјадници фанови пристигнаа да му посакаат добредојде на „Камп Ноу“.
Полјакот ја одржа првата прес-конференција и позираше во друштво на претседателот Жоан Лапорта, но имаше и свои „пет минути“ за докажување на тревникот на „Камп Ноу“.
Во последно време, фудбалските ѕвезди не изведуваат прекомплицирани потези со цел да не се посрамотат на промоцијата, но Леви беше доста релаксиран и опуштен и се прикажа во одлично светло.
Огромното засилување од Барселона се дрзна да изведе некои потези во стилот на легендарниот Роналдињо, па поради тоа го доби и прекарот Левандињо од страна на официјалниот Твитер профил на Барса.