Навистина несекојдневен потег повлекол фудбалерот на Малме, Мохамед Буја Туреј кој ја пропуштил својата венчавка поради тоа што морал да игра со новиот клуб во Лига Европа.
Малме се соочи со тимот на Дуделанж, во квалификациите за второто по ранг натпреварување во Европа, а Туреј свесно ја пропуштил својата венчавка само за да дебитира за нвоиот клуб.
Фудбалерот како замена на венчавката го пуштил својот брат, а свадбените фотографии ги реализирал претходно занејќи дека ќе биде отсутен на закажаната прослава.
– Се сликавме претходно. Значи, изгледа како да сум бил таму, а не бев. На самата венчавка ме менуваше брат ми, додека сопругата ќе живее тука со мене. Кога станува збор за медениот месец, прво мора да станеме шампиони на Шведска па ќе размислуваме за тоа, -изјави соиграчот на нашиот репрезентативец, Ердал Ракип.
Интересно е тоа што Туреј на натпреварот со Дуделанж добил само десет минути од својот тренер.