Словенија ја оствари првата победа во групата Б во Лигата на нации, славејќи убедлив триумф на домашен терен против селекцијата на Казахстан.
Напаѓачот на Лајпциг, Бенјамин Шешко беше херој на Словенците и постигна хет-трик на пресметката во Љубљана, но начинот на кој го постигна првиот беше навистина спектакуларен.
Напаѓачот на Ред Бул Лајпциг има извонредни движења за фудбалер кој е висок 195 сантиметри, а тоа го покажа и на „Стожице“.
Шешко извонредно се ослободи од тројца чувари и направи слалом во стилот на Златан Ибрахимовиќ, завршувајќи ја акцијата на мангупски начин со лоб.
Мајсторијата на Шешко не ги остави рамнодушни фановите во Љубљана, но ниту словенечкиот коментатор на „Спорт Клуб“.