Стоперот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк е еден од најдобрите стопери во светот. Холанѓанецот за време на престојот на „Енфилд“ смени неколку партнери во одбраната, играше со Ловрен, Гомез, Матип и Конате, а од секој од нив успеа да го извлече најдоброто.
Можеби е време за нов, за Ван Дајк омилениот соиграч од холандската репрезентација. Според италијанските медиуми, Ливерпул е заинтересиран за стоперот на Јувентус, Матијас де Лихт.
Наводно, 22-годишниот фудбалер се уште се двоуми дали да го продолжи договорот кој истекува во 2024 година, а дури и да го стори тоа, можноста во одреден момент да го напушти „Алијанс стадионот“ и да се пресели на „Енфилд“ со соиграчот Вирџил Ван Дајк не е исклучена.
Освен Ливерпул, за одличниот стопер Јуве е заинтересиран и Челзи, но приоритет на „Сините“ во овој момент е Жил Кунде од Севиља, додека „Црвените“ би можеле да тргнат по стоперот на Торино Бремер.