Реал Мадрид ја победи Алмерија со 1-3 и стигна до втор триумф во новата сезона во шпанската Ла Лига. Џуд Белингам уште еднаш потврди дека е супер засилување за „кралскиот клуб“ откако постигна два гола, а потоа му асистираше и на Винисиус Жуниор за третиот погодок.

Алмерија поведе рано, со голот на Серхио Арибас во третата минута. Сепак, Реал успеа да израмни брзо, со првиот гол на Белингам во 19.минута.

Младата звезда Џуд Белингам погоди уште еднаш и се погрижи за пресврт во 60.минута, а потоа и му асистираше на Винисиус Жуниор за 1-3, во 73.минута од натпреварот.

https://ok.ru/video/6103094266586