Фудбалерите на Бокa Јуниорс на својата „Бомбоњера“ го победија тимот на Ривер Плата со резултат 1:0.
Натпреварот не беше толку интересен, но далеку од тоа дека „Суперкласико“ не ја задоволи и исполни својата норма, бидејќи повторно падна барем еден црвен картон.
Бока победи во 65. минута, Рамирез изведе корнер од левата страна, а Бенедето беше највисок во скокот и со глава погоди за 1:0.
Бока го задржа резултатот до крајот, а потоа во финишот остана со играч помалку бидејќи Маркос Рохо заработи директен црвен картон.
Тој со карате потег го удри во глава Де Ла Круз, а судијата оправдано му покажа директен црвен картон.
Пред овој натпревар Бока и Ривер имаа ист број бодови (29), а Бока сега е четврта на табелата со 32, со само два бода помалку од лидерската позиција.