Манчестер Сити го доживеа првиот пораз после 28-ми мај кога загуби од Брентфорд во Премиер лигата со 1-0, откако денес фудбалерите на Пеп Гвардиола беа поразени од Атлетико Мадрид со 2-1 во пријателски натпревар кој се одигра на стадионот во Сеул, Јужна Кореја.

https://youtu.be/9pBnIY5hQrY

Во првиот дел се играше со силно темпо и интензитет, а европскиот првак беше подобар и поопасен. Халанд и Алварез почнаа од првата минута. а заедно играа и Грилиш и Фоден. Англичаните креираа повеќе шанси, но се закани и Лемар од контра напад.

Во второто полувреме двата тренери извршија многубројни замени, па нововлезените фудбалери кај Атлетико Мадрид оставија трага. Мемфис Депај и Јаник Фереира Караско со прекрасни голови од далечина ја погодија мрежата на Ортега и донесоа предност од 2-0 за мадриѓаните. До крајот „граѓаните“ само го ублажија поразот преку Рубен Диас.

Следниот викенд Манчестер Сити го игра Комјунити шилд натпреварот против Арсенал, а Атлетико сезоната во Примера ја почнува на 12 август.