Двократниот светски шампион Макс Ферстапен имаше одлична трка во Белгија, каде што го оствари десеттиот триумф оваа сезона во Формула 1 и направи чекор кон третата титула по ред во „најбрзиот циркус“ во светот.
Ферстапен тргна од шестата позиција, но набрзо го презеде првото место и зад себе го остави тимскиот колега Серхио Перез, додека третото место на подиумот беше резервирано за Шарл Леклер од Ферари.
На четвртата позиција заврши Луис Хамилтон, по што следуваа Фернандо Алонсо, Џорџ Расел, Ландо Норис, Естебан Окон, Ланс Строл и Јуки Цунода во топ-10.