Стефано Доменикали, првиот човек на Формула 1, зборуваше за иднината на натпреварувањето, новите патеки и другите актуелни настани на „најбрзиот циркус“.
Стефано Доменикали во интервју за „Скајспортс“ откри дека шампионатот во Формула 1 во иднина би можел да има 30 трки.
Тој најави враќање на патеките во Лас Вегас и Јужна Африка, што е нешто што обожавателите долго го посакуваа.
Лас Вегас не се вози од 1984 година, а Јужна Африка од 1993 година, па многумина сигурно ќе бидат воодушевени од нивното враќање, но што се однесува до сезоната на 30 трки, мислењата се веќе поделени.
“Мораме да постигнеме рамнотежа, да ги ставиме сите наши можности на хартија и да донесеме паметни одлуки. Наскоро ќе ја објавиме нашата стратегија, така што луѓето ќе имаат појасна слика. Три трки во Америка, Кина и потенцијално враќање во Јужна Африка. Таму е голем интерес, па и географски гледаме да ги пополниме празнините во календарот“, рече Доменикали.
Моментално првенството е најобемно, првпат имаме 23 трки, а од 2025 година ќе имаме 24 и тоа не е крајот.
„Мислам дека наскоро ќе се прошириме на 24 трки и гледам потенцијал да одиме до 30 трки. Тоа е сосема реално, бидејќи за тоа има интерес во целиот свет. Треба само да го направиме тој баланс во календарот и да видиме што имаме,кои трки се важни и како да ги распоредиме“, изјави првиот човек на Ф1.