Трката на 50 километри за мажи на Олимпијадата во Пекинг е скратена на 30 километри поради лошите временски услови. За финскиот олимпиец Реми Линдхолм ова скратување на трката беше спас бидејќи имаше неволја и на пократкиот дел – му замрзна половиот орган.
По трката која се одржа на минус 17 степени, Финецот побара помош од организаторите поради незгодната случка. Доби топли облоги.
„Кога жешкото почна да дејствува и се врати церкулацијата, не можам да ви опишам каква е болката“, рече Линдхолм, кој заврши на 26-тото место на трката.
„Ова беше едно од најлошите натпревари на кои сум учествувал. Се се сведуваше на борба и некако завршување до крај“, додаде финскиот олимпиец кој вторпат му се случува ваква незгода. Првпат му се замрзна минатата година на трка во неговата татковина.