Одбојкарската репрезентација на Македонија ја продолжуваат борбата на Европското првенство и денес ја чека нов предизвик и дуел против добро познатиот противник Турција.
Нашите одбојкари забележаа два порази во воведните две кола на континенталниот собир, па попладнево ќе мораат да атакуваат на чудо против селекцијата која што на стартот приреди голема сензација и го совлада фаворитот во групата Русија.
Во меѓусебниот биланс Македонија има три триумфи против Турците. Играта на Турците ни е добро позната, затоа што против нив се изборивме за второ учество на ЕП. Во клучниот меч од квалификациите, Македонија со 3-1 славеше над Турција и си го отвори патот до европската елита.
Сега, на теренот во Тампере, Македонија треба да најде одговор на противничката игра со нов техничар и со нов примач. Знаејќи го квалитетот на коректорот Лагумџија, на поискусните примачи Ѓулмезоглу и Ѓунгор, како и на тинејџерот Мандирачи и на центрите Саваш и Матиќ, задачата нема да биде лесна, но многу работи повторно се кај нас. Ние се уште го немаме нивото на игра што го посакуваме.
Според квалитетот и формата, Турција е голем фаворит на овој натпревар (13:00), но Македонија на чело со Никола Ѓоргиев го нема кажано последниот збор и е подготвена за чудо во „Хакаметска Арена”.