Женската одбојкарска репрезентација на Србија не успеа трет пат по ред да го освои златниот медал на Европското првенство што се одржа во Белград. На домашен терен во Белград, одбојкарките на Србија загубија од Италија со 1:3 иако водеа по првиот сет.
Во финишот на вториот сет Србинките го загубија ритамот, паднаа во играта и тоа ги мотивираше Италијанките да одиграат цврсто и да дојдат до победата. Селекторот на Србија Зоран Терзиќ се обиде да ја размрда екипата, а ги повика девојките на пауза и им одржа говор.
„Екипа е и кога се победува и кога се губи. Вие сте за мене најдобри на светот, кој ги е*е“, додаде селекторот на Србија.
Со ова се обиде да ги мотивира своите одбојкарки меѓутоа не успеа.