Ова беше 49-ти по ред избор за најдобар спортист на Балканот, на кој учествуваа десет новински агенции .
Победник беше младата, 18-годишна романска пливачка ѕвезда Давид Поповичи. Младиот Романец годинава на Светското првенство во Будимпешта освои златни медали на 100 и 200 метри слободно, а во истите дисциплини стана и европски првак во Рим. Тој е и новиот светски рекордер во трката на 100 метри слободно.
Поповичи собра 64 поени, а три помалку имаше српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, овогодинешниот победник на Вимблдон.
Трет беше Лука Модриќ (48 поени), кој беше капитен на хрватската фудбалска репрезентација и ја предводеше до третото место на Светското првенство, чиј домаќин беше Катар, а со Реал Мадрид освои и нова титула во Лигата на шампионите.
Избор на БТА за најдобар спортист на Балканот, 2022 година:
1. Давид Поповичи (Романија, пливање) 64 поени
2. Новак Ѓоковиќ (Србија, тенис) 61
3. Лука Модриќ (Хрватска, фудбал) 48
4. Милтијадис Тентоглу (Грција, атлетика) 46
5. Тијана Бошковиќ (Србија, одбојка) 31
6. Никола Јокиќ (Србија, кошарка) 27
7. Јанис Антетокунмпо (Грција, кошарка) 23
8. Александар Везенков (Бугарија, кошарка) 21
9. Лана Пудар (БиХ, пливање) 20
10. Таха Акгул (Турција, борење) 20