Италија не учествуваше на Светското првенство во Катар, но не остана без награда.
Познатиот судија од Серија А, Даниеле Орсато е прогласен за најдобар судија на 22. Светско првенство.
На првенството судеше на три натпревари, оној на отворањето на првенството меѓу Катар и Еквадор (0:2), потоа дуелот во кој Аргентина славеше над Мексико (2:0) и оној во полуфиналето меѓу Аргентина и Хрватска, кога „гаучосите“ победија со 3:0.
Хрватите се жалеа дека премногу лесно го досудил пеналот, од кој Аргентина поведе, но ФИФА мислеше поинаку.
Инаку, најдобар играч на Светското првенство во Русија 2018 година беше Аргентинецот Нестор Питана.