Рома ја запиша четвртата победа во последните пет натпревари во Серија А, откако вечерва беше подобра од Верона со 3-1 во 12. коло.
Верона постигна гол во 27. минута преку Давидович за водство од 1-0, но потоа истиот фудбалер заработи директен црвен картон, а тоа значеше напад со сите сили од Римјаните во продолжение од средбата.
Екипата на Жозе Мурињо стигна до израмнување преку Ѕаниоло во првата минута од судиското надополнување на првиот дел, а победата ја обезбедија Волпато и Ел Шарави во финишот од средбата.
Рома се искачи на четвртата позиција и има 25 бодови, односно еден помалку од Милан, два помалку од Аталанта и седум бода помалку од Наполи.