Атлетико Мадрид можеше многу порано во дуелот да дојде во водство. Во 26. минута Гризман изведуваше пенал, но се лизна и ја шутна топката многу високо над голот на Севиља.
Голот конечно беше постигнат во 79. минута кога по асистенција од Кореа, Депај се снајде најдобро и ја спроведе топката во мрежата на Севиља за победа од 1-0.
https://twitter.com/i/status/1750635221228114122
На полувреме мрежите мируваа на „Ванда Метрополитано“, а во продолжение Атлетико продолжи со подобрата игра и нововлезениот Мемфис Депај, само што влезе во игра, ја погоди целта, но поради минимален офсајд голот не му беше признат. Сепак, холандскиот ас во 79. минута се најде на вистинско место во вистинско време и погоди за голема радост на трибините и победа на својот тим.