Италијанецот Јаник Синер оствари голема победа над светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ, во полуфиналето на Аустралијан Опен и на најдобар можен начин избори место во финалето, во кое ќе се бори за престижниот трофеј во Мелбурн.
Италијанскиот тенисер уште еднаш покажа дека е незгоден противник за Ѓоковиќ, победувајќи го српскиот ривал со 3:1 во сетови за речиси три и пол часа игра.
Синер неочекувано убедливо ги доби првите два сета, беше подобар од Новак со 6:1 и 6:2, а третиот сет ја врати надежта кај Ѓоковиќ, бидејќи тој успеа да го добие во тај-брејк.
Но, тоа не го поколеба помладиот играч на теренот, па веќе во следниот сет издоминира за 6:3 и конечна победа во полуфиналето.
Противник на Синер во финалето ќе му биде подобриот од дуелот меѓу Медведев и Зверев.