Рускиот тенисер Данил Медведев ќе игра против Јаник Синер во финалето на Австралија опен откако се врати од два сета негатива и го победи Александер Зверев со 3-2 (5-7, 3-6, 7-6, 7-6 и 6-3).
Данил Медведев третпат во кариерата ќе игра финале на Австралија опен и ќе се обиде првпат да го крене пехарот од овој грен-слем турнир.
Александар Зверев имаше фантастичен почеток на дуелот, ги доби првите сетови со 7-5 и 6-3. Во тие моменти сѐ беше на негова страна, но работите потоа се променија.
Медведев го крена нивото на игра, но одлично играше и Зверев, во третиот сет се играше тајбрејк кој го доби Русинот со 7-4. Слично беше и во четвртиот сет, двајцата беа перфектни на свој сервис, па и тука решаваше тајбрејкот. Медведев го доби со 7-5 и изедначи на 2-2.
Двата добиени сета го свртеа психолошкиот момент на страната на Медведев, му се крена самодовербата и тоа се покажа како клучно во петтиот решавачки сет. Во него тој освои два брејка и го доби сетот со 6-3.
Во финалето Медведев ќе игра против Синер кој претходно ја извојува својата победа на кариерата откако го совлада Новак Ѓоковиќ со 3-1.