Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски без многу мака, во два сега го совлада Австриецот Сил Гаџери на турнирот кој се игра во Крамасх, Австрија.
Ивановски успешно ја помина и втората пречка на турнирот во Крамасх, Австрија кој се игра за награден фонд од 25.000 долари.
Првиот сет го доби со 6-1, вториот со 6-2 и избори пласман во четвртфиналето.
Следниот противник на Ивановски ќе биде победникот од мечот меѓу Австриецот Коп кој е петти носител на турнирот и Гадамаури од Белгија.
Калин Ивановски е втор носител на овој турнир.