Агрентинскиот тенисер Хуан Мартин Дел Потро (33), кој нема играно повеќе од две години поради повреди на коленото, изјави дека се надева дека ќе се врати на АТП турнејата во февруари на Отвореното првенство на Аргентина во Буенос Аирес.
Победникот на УС Опен од 2009 година последен пат играше во средината на 2019 година и оттогаш имаше четири операции на коленото, од кои последната беше во март оваа година.
„Тренирам напорно, некои денови се подобри од другите, но секогаш работам со надеж дека ќе се вратам на натпреварите на почетокот на следната година. Би било одлично доколку се вратам на теренот во Буенос Аирес, а потоа играм во Рио де Жанеиро. “ напиша Дел Потро на Инстаграм.
Најдобар пласман во кариерата му беше третото место во 2018 година. Во кариерата има освоено 22 АТП титули.