Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со пресврт триумфираше против Ирене Бурило Ескорихуела со 2-1 во сетови на почетокот на вториот турнир во Ларнака.
Ѓорческа го загуби првиот сет со 5-7 од шпанската тенисерка, но во следните два беше подобра на теренот и возврати со 6-4 и 6-2.
Македонската тенисерка на првиот турнир во Ларнака стигна до финалето, каде што беше поразена од Хрватката Луција Ќириќ Багариќ со 0-2 во сетови, 2-6 и 3-6.