Македонската А фудбалска репрезентација го одржа вториот тренинг во Анталија како подготовка за пријателските натпревари против Молдавија и Црна Гора.
Фудбалерите веќе втор ден тренираат во пресрет на двете пријателски средби против Молдавија и Црна Гора.
Селекторот Благоја Милевски и стручниот штаб в недела отпатуваа во Турција, за да ги дочекаат фудбалерите на првиот собир. Попладнето Македонија го одржа првиот, додека утрово и вториот тренинг во Анталија.
.
На репрезентативниот собир задоцнија само голманот Столе Димитриевски и Бојан Димоски кои во текот на денот ќе му се приклучат на кампот.
Македонија в петок во терминот од 15:30 часот ќе играат против Молдавија, додека три дена подоцна ќе се судрат со Црна Гора.