Вулканот во Белград еруптираше и ја проголта Басконија, па сега кошаркарите на Партизан може полесно да дишат!
Партизан одлично го започна дуелот и ја доби првата четвртина со 23-16, во вториот период имаа и плус 11, беше 38-27, но Басконија успеа да се врати, ја намали негативата, српскиот клуб на одморот отиде само со два поени предност, 44-42.
Партизан сепак не дозволи и комплетен пресврт, црно-белите бодрени од своите навивачи го контролираа мечот во најголемиот дел од второто полувреме, но Басконија се избори за драматична завршница. Во последната минута гостите дојдоа до -2, но немаа сили и за победа. Партизан на крајот победи со 87-83.
Најефикасен во составот на Партизан беше Камински со 20 поени, одличен беше Кабокло со 18 поени и 13 скокови, 18 поени постигна и капитенот Кевин Пантер. Најдобар во тимот на Басконија беше извонредниот Хауард со 26 поени.
До крајот на регуларниот дел од сезоната остануваат уште четири натпревари, веќе во четврток Партизан го пречекува Реал Мадрид, подоцна дома играат и со Олимпијакос и Валенсија, а ѝ гостуваат на Алба во Берлин. Секој триумф е важен во борбата за место во плеј-ин.
Во останатите денешни натпревари од Евролигата: Анадолу Ефес – Олимпијакос 85-72, Жалгирис – Виртус Болоња 96-81, Алба – Реал Мадрид 79-86, Макаби Тел Авив – Лион 98-90/